JUNE 22, 2022/ LIFESTYLE, BOOKS

SUMMER READING LIST VOL. VI

Beginning of summer means time to share my summer reading list with you guys. Not going to lie, it’s one of my favorite blog posts to write. I do it every year, and you can check my previous reading lists here. No summer vacation is complete without at least one good read. Each summer I make a reading list with all the books I want to read, and I love sharing it with you in case you need some inspiration on what to read this summer. My list contains from current best-sellers to lesser known novels to classics and business oriented books.

This year again in collaboration with Literatura I am creating a reading list with books I think are worth reading. Continue reading to see which books made my reading list.

Почеток на лето значи дека е време да ја споделам со Вас мојата листа за читање. Нема да лажам, ова е еден од моите постови кои најмногу сакам да ги пишувам, можете да ги видите моите претходни листи тука. Летниот одмор нема да е комплетен без барем една добра книга. Секое лето правам листа за читање со сите наслови кои би сакала да ги прочитам и обожавам да ја споделам со Вас доколку Ви треба инспирација за што да читате ова лето. Листата содржи од актуелни бестселери до не толку познати насолви до класици и бизнис ориентирани книги.

Оваа година повторно во соработка со Литература МК креиравме листа со наслови кои мислиме дека вредат да се прочитаат. Продолжете да го читате овој пост за да видете кои наслови ги избрав.

The Invisible Life of Addie LaRue (fiction)– V.E.Schwab 

Addeline LaRue has one wish to be free and not to belong to anyone. In a moment of dispair she makes a deal with the devil, who in exchange of her soul he promises her freedom and forever youth. But apart of her soul Addie finds out that there’s also a curse, everyone she meets quickly forgets her, even though she has all the freedom she can’t leave no trace behind. The story begins in the 18th century in a small village in France and it takes us through Addie’s life. From her fleeing to Paris, life between the wars, short periods in Venice and Florence and lastly her life in New York City. Historic fiction that is beautifully written, the last 50 pages of the books I was reading them with a lump in my throat. A book you must read.

Невидливиот живот на Ади Лару (фикција)- В.Е. Шваб

Аделин Лару има една желба да е слободна и да не припаѓа на никому. Во момент на очај таа склучува договор со ѓаволот, кој по цена на нејзината душа и ветува слобода и вечна младост. Но освен нејзината душа Аделин открива дека дел од цената е и клетва дека секој што ќе го запознае набрзо ја забарава, иако ја има цела слобода на светот таа не може да остави никаков траг во времето .Приказната започнува во 18ти век во мало селце во Франција а потоа не води низ животот на Ади Лару. Од нејзиното пребегнување во Париз, животот помеѓу војните, кратки периоди во Венеција и Фиренца и последно нејзниот живот во Њу Јорк. Историска фикција која е преубаво напишана, и нема да Ве остави рамнодушни, последните 50 страни ги читав со грутка во грлото. Дефинитивно е роман кој треба да се прочита.

No Rules Rules: Netflix and the Culture of Reinvention (biography)- Reed Hastings & Erin Meyer

Netflix’s cofounder Reed Hastings reveals the philosophy behind one of the world’s most innovative, imaginative and successful companies. The story behind the Netflix, a company that started in 1998 as an online DVD rental service, but changed multiple times throughout the years. And all that change would have not been possible without the radical managment set by the founders. In this book cofounder of Netflix with Erin Meyer share her companies philosophy, managment and values that are set in Netflix.

Без Правила: „Нетфликс“ и културата на реинвенција (биографија)- Рид Хејстингс и Ерин Маер

Ко-оснивачот на Нетфликс Рид Хејстингс ја открива филозофијата позади една од најиновативните, имагинативните и успешни компании во светот. Приказната за Нетфликс, компанија која започна како онлајн сервис за ДВД изнајмување во 1998 година, но низ години се трансформира повеќе пати. Сите тие промени не би биле возможни без радикалниот менаџмент кој бил поставен од оснивачите. Во оваа книга ко-оснивачот на Нетфликс и Ерин Мејер ни ја раскажуваат филозофијата на компанијата, начинот на менаџирање и вредностите кои се всадени во Нетфликс.

Hamnet (historic fiction)– Maggie O’Farrell

The setting is in Warwickshire in the 1580s. The main character is Agnes- a woman with unusual gifts. She settles with her husband in Henley street, Stratford, and has three children: a daughter, Susanna, and then twins, Hamnet and Judith. The boy, Hamnet, dies in 1596, aged eleven. Four years or so later, the husband writes a play called Hamlet. A fiction behind’s Shakespeare’s famous Hamlet play. A very touching book on marriage, love and losing a child. The book is exceptionally well written and will leave you crying.

Хамнет (историска фикција)- Меги О’Ферел

Приказната се случува во Варвикшир во 1580тите. Главниот лик е Агнес- жена со несекојдневни дарби. Таа со нејзниот сопруг живее на улицата Хенли во Стратфорд и има 3 деца: ќерка Сузана, и два близнаци Хамнет и Џудит. Момчето Хамнет, умира во 1596 година на само 11 години. Четири години подоцна нејзниот сопруг пишува драма која ја нарекува Хамлет. Историска фикција за познатата драма Хамлет напишана од Шекспир. Книга која нема да ве остави рамнодушни, книга зза бракот, љубовта и губење на дете. Одлично напишана книга која ќе ве остави со насолзени очи.

My name is Red (historic fiction)- Orhan Pamuk

The Sultan has commissioned the most talented artists of the Ottoman Empire to decorate the book that according to the Sultan will make his Empire famous. The project must remain as top secret, but the panic starts when one of the artists is found dead.

Each chapter has a different narrator, you also come across narration from unique voices such as the dead body, two dervishes, a coin and the color red. This novel will take you back to the Ottoman Empire in the 16th century, a novel that combines mystery, love and philosophical quests that illustrate the reign of Sultan Murad the third.

Се викам Црвена (историска фикција)- Орхан Памук

Приказна за минијатуристи ангажирани од страна на Сулатанот да ја украсат книгата што ќе ја прослави неговата империја. Проектот мора да остане во строга тајност, но паника избива кога еден од минијатуристите е пронајден мртов.

Секое поглавје има различен наратор, се појуваат и нарации од необични гласови како на мртвото тело, два дервиши, паричка и бојата црвена. Романот не телепортира во XVI век во Отоманската Империја, роман кој ја спојува мистеријата, љубовта и филозовски предизвици кој го илустрираат владеењето на Султан Мурат III

The Golden Ball and Other Stories (mystery)- Agatha Christie

A collection of short stories, perfect for all Agatha Christie fans out there. Even though the stories do not contain any of her famous characters like Poirot or Miss Marple, they are still a delight to read. It’s a quick read, but still contain mystery and murder solving.

Златната топка и други раскази (мистерија)- Агата Кристи

Колекција на кратки приказни, совршени за сите фанови на Агата Кристи. Иако расказите не ги содржат познатите ликови на Кристи како Поаро и Г-ѓа Марпл, тие се супер за читање. Книга која брзо се чита но сепак има доза на мистерија и решавање на убиства.

The Trial (philosophical fiction)- Franz Kafka

A book that was mandatory when I was in high school. I bought it some time ago because I really liked the cover, but also wanted to reread and see how I understand the book now. A dystopian novel, so it took me quite some time to get it through. The story is around Josef K, a bank officer who gets arrested and goes to trial. K has no idea what is the reason or for what is he going on trial. He must defend himself even though he can get no information regarding his charges. A dark novel on the topic of justice vs law and the absurd bureaucracy that everyone faces.

Процесот (филозовска фикција)- Франц Кафка

Книга која беше задолжителна додека бев во средно. Ја купив книгата пред некое време бидејќи многу ми се допадна корицата, а и исто сакав да ја препрочитам и да видам како ќе ја разберам сега. Приказната е за Јозеф К, банкар кој ќе биде приведен и однесен на суд. К не знае која е причината или за што оди на суд. Мора да се брани себеси иако не може да добие никаква информација за што го судат. Мрачна книга која ја опфаќа темата на правдата и законот како и абсурдната бирокартија кој секој се среќава со.

How I Built This (self-help)- Guy Raz

Based on the podcast “How I Built This” by Guy Raz, that is pretty popular amongst entrepreneurs, but since I don’t have a habit of listening to podcasts I decided to read the book. Raz talks about how to start, launch, grow and be successful by using examples from people he has interviewed as part of his podcast. Throughout the book you read about entrepreneurial stories and examples from founders of companies like Airbnb, Reddit, Canva, Dermalogica, Allbirds, Headspace and many more. I enjoyed reading it and it did inspire me a lot.

 

Како го изградив ова (само-помош)- Гај Раз

Базирана на истоимениот подкаст од Гај Раз, што е доста популарен помеѓу претприемачите, но бидејќи јас немам навика да слушам подкасти одлучив да ја прочитам книгата. Раз зборува за како да започнете, лансирате, развивате успешен бизнис користејќи примери од луѓе кој тој ги има интервјуирано за неговиот подкаст. Низ книгата ќе прочитата различни претприемачки приказни и примери од оснивачи на компании како Airbnb, Reddit, Canva, Dermalogica, Allbird, Headspace и многу други. Уживав читајќи ја оваа книга и ја доживеав доста инспиративно.

140 Artists’ Ideas for Planer Earth (non-fiction)- Hans Urlich Obrist & Kostas Stasinopoulos 

Through 140 drawings, experiments, recipes, activist instructions, gardening ideas, insurgences and personal revolutions, artists who spend their lives thinking outside the box guide you to a new worldview; where you and the planet are one. Featuring works of artists such as Marina Abramovic, Judy Chicago, Vivien Westwood, Jane Fonda & Swoon and many more. 

140 идеи на уметници за Планетата Земја (нефикција)- Ханс Урлих Обрист и Костас Стасинополус

Преку 140 цртежи, експерименти, рецепти, инструкции од активисти, идеи за градинарство и лични револуции, уметници кои ги минуваат своите животу размислувајќи надвор од кутијата нудат водич на нов поглед на светот, каде што ти и планетата сте едно. Преку дела на светски познати уметници како Марина Абрамович, Џуди Чикаго, Вивиен Вествуд, Џејн Фонда и Свун како и многу други.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *