Менито е огромно, има голем број на избор на корнфлејкс и пијалоци. Прво избирате врста на корнфлејкс, потоа избирате каков вид на млеко сакате дали обично, бадемово, млеко со вкус или слично и на крај избирате додатоци како пример орео, бомбони, преливи, свежо овошје итн. Доколку не сакате да го креирате вашиот корнфлејкс, можете да изберите од веќе понудените опции на менито.
Освен корнфлејкс, можете да нарачате и топло чоколадо и милкшејк.
Јас се одлучив за Frozen корнфлејкс со додатоци од орео, замрзнати marshmallows и свежи јагоди со обично млеко. Додека пак мојата другарка Џениа избра Lucky Charms корнфлејкс со екстра marshmallows, орео и свежи јагоди за додаток. Исто така се одлучив и за милкшејк, го избрав The Frutty One (направен од Fruity Pebbles), кој беше многу вкусен и не преблаг како што очекував да биди.
Ова е идеално место за сите љубители на корнфлејкс, но исто така и за сите оние кои што сакаат да откријат некое кул и уникатно место.