Служат појадок и бранч во текот на целиот ден, така да не мора да се грижите доколку се успиете. Беше навистина тешко да се одлучи што да се нарача, бидејќи се звучеше вкусно. На крај се одлучивме за açai со свежо овошје, бери палачинки со џем од боровинки и печени јајца.
Нешто што не смеете а да не пробате е Rose latte, кое е специјалитет тука и чај лате декорирано со цимет во форма на Француски Булдог, кое што можеби сте го сретнала на Инстаграм.
Ако сте личност како мене, која е опседната со барање на места кои што се ‘instagramable’, тогаш Farm Girl Cafe е дефинитивно едно такво место.