Lifestyle

The Great Christmas Bake Off

December 23, 2018

There is nothing that symbolizes more the holiday season than the smell of freshly baked gingerbread dough. From eatable houses that look like small masterpieces, to dressed up in icing gingerbread men, cakes, candles, room scents and what not. If you have been following me from the very beginning you will know that every year for Christmas me and my dad bake and decorate a gingerbread house. It’s a father-daughter tradition we have for 5 years now.

In last years post I talked more about the history of the gingerbread house and how it became a synonym for Christmas (if you want to learn a bit of history than click here to read my last year’s post). This year I won’t repeat myself in talking about the roots of gingerbread house making, but jump straight into.

In our home, we pick a date where we preoccupy the kitchen and transform it into a bakery workshop for a day. We start with measuring, then mixing, baking and lastly decorating. This is project lasts for, well the whole day. The part that we enjoy the most is decorating the house. Frosting, melted sugar, candy are just few of the thing we use in order to transform a plain biscuit house in a little master piece. I think this years’ house turned pretty good, what do you think? (for comparison you can check out how my gingerbread houses looked like in 2017 and 2016).

I love coming home for the holidays, but what I love even more are traditions, traditions that we have created ourselves. Decorating a gingerbread house is one of those traditions, and I look forward to every year. Now that we are finished with our little art project, the kitchen is a mess but at least our whole house smells like gingerbread and most importantly our hearts are full.

I want to wish all my readers who are celebrating Christmas tomorrow, a very Merry Christmas. I hope you spend your day with your family and loved ones and cherish moments like this.


Нема нешто што повеќе асоцира на Божиќните празници како мирисот на свежо испечено тесто од ѓумбир. Од куќи од бисквити кои наликуваат на мали ремек дела, бисквитни човечиња облечени од шлаг, торти, свеќи, освежувачи на воздух и што уште не. Ако ме следите од самиот почеток, тогаш знаете дека секоја година за Божиќните празници јас и мојот татко правиме бисквитна куќа од ѓумбир. Ова е татко-ќерка традиција која ја имаме веќе 5 години во нашиот дом.

Минатата година во мојот пост зборував повеќе за историјата на овие куќарки од бисквити и како тие станаа популарни за Божиќ (доколку сакате да прочитате повеќе за историјата на оваа интересна традиција тогаш кликнете тука). Оваа година нема да се повторувам со кажување на историјата и корените на правењето на бисквитна куќа од ѓумбир, туку директно ќе преминам на правењето и декорирањето.

Во нашиот дом избираме еден ден кога ја претвараме кујната во работилница на ден. Започнуваме со мерење, па мешање, печење и на крај декорирање. Овој проект трае целиот ден. Делот кој што нам ни е омилен е декорирање на самата куќарка. Шлаг, стопен шеќер, бомбони се само неколку од работите кои ги користиме за да ги претвориме обичните бисквити од ѓумбир во куќарка како од приказните. Мислам дека оваа година куќарката испадна одлично, што мислите вие? (за споредба можете да видете како изгледаа моите куќарќи во 2017 и 2016).

Обожавам да се враќам дома за празниците, но она што сакам уште повеќе се традициите, традиции кои самите ние сме ги започнале. Декорирање на бисквитна куќа е една од тие традиции, која со нетрпение ја очекувам секоја година. Сега кога сме готови со нашиот мал уметнички проект. Кујната е во хаотична состојба, но куќата мириса на бисквити од ѓумбир и најважно нашите срца се исполнети.

Сакам на сите мои читатели кои го слават Божиќ утре, да им посакам среќен и весел Божиќ. Се надевам дека ќе го поминете денот со вашите семејства и сакани и засекогаш ќе ги вреднувате ваквите моменти.

Photography: Simone Kalica

You Might Also Like