Fashion

The Future of Fashion

January 8, 2017

I know her since I know myself.

She is the daughter of my mother’s best friend.

A couple of years older than me, for me she is a very significant person from whom I learnt what is that, that older ones find it more interesting in life. She always wanted to draw characters, read, and paint. Always had something to say about herself, through her style, way of living and her relationships with others.

Her name is Jelena Stanarevic and she is the creator of the fashion brand Nan Demo.

 

Literally Nan Demo Nai is a Japanese saying that means ‘whatever’ or ‘nothing’. I am not surprised by the fact that Jelena has this type of approach to fashion. To her the name does not matter, her fashion designs are anonymous until the right person wears them.

 

In one interview she said: ‘The person who wears gives the identity to the clothes, not vice versa. Brands don’t make people, people make the brands. Designers create for people, and they wear that pieces of clothing for themselves, even for other people that don’t like them. No matter how ironic it sounds this is the truth. I was thinking for a long time for the name, as a key element for the brand, until I realized that I don’t care.’

 

This is how straightforward, own and authentic is my dear friend and fashion designer Jelena Stanarevic.

 

During my short stay in Macedonia, with great pleasure I added on my to do list to visit her studio in Skopje. To feel up close the eruptive energy that Jelena has within her, but also to see and try her designs in real life…and let me tell you, when you put them on you will definitely not feel ‘whatever’.

 

On the contrary, they create a felling of euphoria you enter the disco era from the previous century, that our parents enjoyed, but the accent of todays urban women is still present. Her newest collection ‘Vodi me na after’ can take you away on many locations. From under the spotlight, to the streets of some dynamic city, to some fancy ambient…while you have a feeling of the heroine of your time.

 

My dear Jelena knew since she was little that she will be a fashion designer, surrounded with fashion and aesthetics that her parents brought in her life, especially her mother Zorica known very well for her personal style, but also from her involvement in the fashion industry.

 

For Jelena fashion is a mix of all arts. Belgrade which was her choice as a city to study in, where she spent two years studying on the French fashion academy Mod’Art, and her third and final year on Academia Del Lusso.

 

She is the new name on the Macedonian fashion scene, she is the future of the Macedonian fashion.

Even though Nan Demo means whatever, for me her fashion designs are anything but whatever.

 


 

Ја познавам од кога знам за себе.

Таа е ќерка на најдобрата другарка на мајка ми.

Неколку години повозрасна од мене,  а за мене значајна личност од која учев што е тоа што е поинтересно во животот на поголемите од мене.

Од секогаш сакаше да преслекува ликови, да чита и да црта. Секогаш имаше да каже нешто за себе, преку стилот, начинот на живот и однос кон другите.

Нејзиното име е Јелена Станаревиќ и таа е создавач на модниот бренд НАН ДЕМО.

 

Во буквален превод НАН ДЕМО НАИ е јапонски изарз со значеење за „сеедно“ или „ништо“. Не сум изненадена од фактот што мојата драга Јелена има ваков пристап кон модниот дизајн. Неа воопшто не и е важно името, нејзините модни дизајни се анонимни сè додека не ги носи вистинската личност.

Во едно интервју таа ќе изјави: “Личноста што ги носи го дава идентитетот на облеката ,а не обратно. Не ги прават брендовите луѓето,туку луѓето ги прават брендовите. Дизајнерите креираат за личностите, а тие ги носат тие парчиња облека за себе, па дури и за други личности кои не ги сакаат. Колку и саркастично ова да звучи, тоа е вистината. Долго време размислував за името ,како клучна компонента  за брендот сè до моментот кога сфатив дека ми е сеедно.”

 

Ете толку е директна, своја и автентична мојата драга другарка модна дизајнерка Јелена Станаревиќ.

 

Со особено задоволство во празничниот период во кој ја посетив Македонија ставив под обавезно да го посетам нејзиното модно студио во Скопје. Да ја почувствувам одблиску таа еруптивна енергија која Јелена ја има во себе, но и да ги видам во живо и да ги ставам на себе тие дизајни кои да Ви кажам искрено не е воопшто сеедно да ги носите.

 

Напротив Ви создаваат чувство на еуфорија, влегувате во филмот на диско ерата од минатиот век, во која се насладувале нашите родители, но сепак акцентот на денешната модерна урбана девојка не изостанува. Нејзината колекција “Водиме на Афтер” може слободно да Ве одведе на различни локации, под рефлекторите на некоја сцена, на улиците на некој динамичен град, во некој фин елеганетн амбиент, а вие оставате впечаток дека сте хероина на своето време.

 

Мојата драга Јелена Станаревиќ од мали нозе знаеше дека ќе се занимава со моден дизајн, опкружена со мода и естетика која во нејзиниот живот ја внесоа нејзините родители, особено нејзината мајка Зорица позната по својот личен моден стил, но и по инволвираноста во модниот бизнис.

 

За Јелена модата е спој на сите уметности. Белград кој беше нејзин избор за студирање, ја искали во оваа нејзин талент. Две години поминати на француската академија „Мод Арт“,а потоа третата дипломска година на Accademia Del Lusso се запишани во нејзиното интелектуално портофолио.

 

Таа е новото име на македонската модна сцена, таа е иднината на македонската мода.

НАН ДЕМО можеби значи сеедно, но за мене нејзиниот моден израз воопшто не изгледа сеедно.

 


You Might Also Like