Lifestyle

Summer Reading List Vol. III

July 7, 2019

It’s time for my annual summer reading list, I can’t believe that 3 years have passed since the first reading list I published. I remember as if it was yesterday when me and Simone were shooting the first reading list in my garden. If you are curious you can check out my previous reading lists here. But, today I will be sharing you my summer reading list for 2019 and recommendations for book you simply cannot miss. We all know that summer and vacations are the perfect time (and for some the only time) to take some time and read a good book. I don’t know for you, but I can’t imagine leaving for a holiday without at least 2 books in my suitcase. I mean if you follow me on instagram you will know that I actually don’t leave the house without a book in my bag. Together with Literatura.mk we created a reading list, with the must read’s for this summer. Continue reading to find out what books we choose.


Време е за мојата годишна летна листа за читање, не можам да поверувам дека 3 години поминаа од мојата прва објавена листа на читање. Се сеќавам како да беше вчера кога заедно со Симоне ги сликавме книгите во мојот двор. Доколку сакате да ги видите некој од моите претходни листи на читање можете да кликнете на овој линк. Денес со вас ќе ја споделам мојата листа со книги за 2019 и ќе ви препорачам неколку книги кои вредат да се прочитаат. Сите знаеме дека летото и одморите се совршено време за читање ( а за многумина и единствено време) да се оддели малку време и да се прочита добра книга. Не знам за вас, но јас не можам ни да замислам да тргнам на одмор без најмалку 2 книги во мојот куфер. Ако ме следите на инстаграм тогаш ќе знаете дека не излегувам од дома без книга во мојата ташна. Заедно со Литература.мк составивме листа со наслови кои не смеете да ги пропуштите ова лето. Продолжете да читате за да дознаете кои книги се тие.

An American Marriage (fiction)- Tayari Jones

Newlyweds Celestial and Roy are the embodiment of both the American Dream and the New South. He is a young executive, and she is an artist. But as they settle into the routine of their life together and think that everything is perfect, they are ripped apart by circumstances neither could have imagined. In this deft exploration of love, loyalty, race, justice, and both Black masculinity and Black womanhood in 21st century America. An American Marriage is the recipient of this year’s Women’s Prize for Fiction.


Американски брак (фикција)- Тајари Џонс

Брачниот пар Селестија и Рој се пример за Америчкиот Сон и Новиот Југ. Тој е млад успешен извршен директор, а таа е успешна уметница. Кога ќе се сместат во рутината на нивниот живот и кога ќе помислат дека се е совршено, тие се соочуваат со настани кои никогаш не можеле ни да ги замислат. Приказна за љубов, лојалност, раса, правда, Црнечката машкост и Црнечката женственост во 21 век во Америка. Американски Брак неодамна е добитник на овогодинешната награда за “Женската награда за фикција”.

Becoming (autobiography)- Michelle Obama

A beautiful insight of the life of former First Lady Michelle Obama. I didn’t know much about Michelle’s life before she became First Lady, but this book gives in detail the life of Michelle Obama. The struggles, achievements, the ups and downs, the good and bad. A book that will not only make you fall in love with her, but will also motivate you that you can do everything and have everything you wish for.


Becoming: Мојата Приказна (автобиографија)- Мишел Обама

Поглед во животот на бившата Прва Дама Мишел Обама. Не знаев многу за животот на Мишел пред да стане Првата Дама на САД, но оваа книга во детал ни го опишува нејзиниот ќивот. Борбите, успесите, падовите, доброто и лошото. Книга што не само ке ве направи да се заљубите во Мишел, но исто така ќе ве мотивира дека можете да направите се и да станете се што посакувате.

This Modern Love (short stories/poetry)- Will Darbyshire

A collection of love letters, poems and words from people all around the world addressed to their current partners, first loves, crushes and exes. The book is divided into 3 parts, which signify the stages of a relationship: beginning, middle and end. A fast and easy read, that you will love and you would probably find yourself in some of the letters or poems.


Оваа модерна љубов (кратки приказни/поеми)- Вил Дарбишир

Колекција од љубовни писма, поеми и зборови од луѓе од целиот свет напишани за нивните моментални партнери, први љубови, симпатии и бивши. Книгата е поделена на 3 дела, кои ги означуваат трите фази на секоја врска: почеток, средина и крај. Брза и лесна книга за читање, која ќе ја обожавате и мноху веројатно дека ќе се пронајдете во некој од текстовите.

She Lies in Wait (mystery)- Gytha Lodge

Six friends go camping, but only 5 return. 30 years later the case of  disappearance of the 14 year old, is reopened when the body is discovered on the camp side where the girl went missing. The friends are brought again for questioning, as the case is reopened. A book filled with lies, true and false friendship, secrets all comes unraveling while DCI Sheens solves the 30 year old disappearance case .


Таа лежи во исчекување (мистерија)- Гита Лоџ

Шест пријатели одат на кампување, но само 5 се враќаат. 30 години подоцна случајот за исчезнувањето на 14 годишното девојче е повторно отворен откако телото е пронајдено на местото каде што кампираа и каде што исчезна девојчето. Пријателите се донесени повторно на распит, како што е отворен случајот. Книга исполнета со лаги, вистински и лажни пријателства, тајни кои се откриваат и расознаваат како што детективот Шинс го решева случајот.

The Subtle Art of Not Giving a F*ck (self-help)- Mark Manson

One of the most hyped books online for the past year. I am not that into self help books, but this one seemed interesting. The philosophy of Manson, of why we shouldn’t care about everything and how the lifestyle we are currently living makes it hard for being unable to not care, and how to overcome that, was something that I associated with. The rest of the book was a bit disappointing for me, at one point it turned into how to be happy. But, overall I like the book, it will slap you with the ugly truth, something that we all need sometimes.


Е баш ме заболе (самопомош)- Марк Менсон

Една од најпопуларните книги оваа година. Не сум некој голем љубител на книги за самопомош, но оваа изгледаше интересно. Филозофијата на Менсон, за тоа зошто не треба да се грижиш за се и како животниот стил кој го живееме прави да не можеме а да не се грижеме за се, и како да го надминиме тоа е нешто во што се пронајдов. Остатокот од книгата малку ме разочара, во еден момент книгата се претвори во водич на како да бидеме среќни. Но, сепак книгата ми се допадна, ќе ви ја шлакне суровата реалност, нешто што на сите нам ни треба.

A Clockwork Orange (dystopia)- Anthony Burgess

A dystopian future, set in London which is ruled by a totalitarian government. The story is told my the central character, Alex and his group of friends. Alex and his gang commit various crimes, before Alex get caught and sent to jail. There is horror but also beauty in this book, focusing on human freedom and the importance of it. It is a classic that everyone needs to read at least once in their lives.


Пеколен портокал (дистопија)- Антони Бургес

Дистопична иднина, сместена во Лондон кој што е под тоталитарна влада. Приказната е раскажана од главниот лик, Алекс и неговата група на пријатели. Алекс и неговата банда прават најразлични криминални дела, пред Алекс да биде фатен и испратен во затвор. Има хорор но исто така убавина во оваа книга, со фокус на човековата слобода и важноста на истата. Класик кој мора секој барем еднаш да го прочита.

The Old You (thriller)- Louse Voss

Lynn and Ed have been married for 10 years, their marriage is great until Ed is diagnosed with early onset dementia. It’s not long until Ed starts missing words, strange noises are heard at night, and Ed becomes a secretive person and his behavior becomes sinister. A psychological thriller that will keep you on your toes till the very end.


Поранешниот ти (трилер)- Луиз Вос

Лин и Ед се во брак веќе 10 години, нивиот брак е добар се додека Ед не е дијагностициран со рана деменција. Не е долго откако Ед ќе започне да заборава зборови, чудни звуци се слушаат во ноќта и Ед станува таинствен и неговото однесување се менува целосно. Психолошки трилер кој ќе ве држи до ивицата до самиот крај.

I hope you liked this reading list, and that it helped you with the book choice for this summer. If you have read any of the books, let me know, you can also recommend me some books that you think one must read.


Се надевам дека ви се допадна оваа листа за читање, и дека ви помогнав при изборот на книги за ова лето. Доколку имате прочитано некои од овие книги, оставете коментар, но исто така можете да ми препорачате и некоја книга која сметате дека мора да се прочита.

You Might Also Like