Europe, Travels, United Kingdom

Saatchi Gallery

February 18, 2018

For a while now Saatchi Gallery has been on my list to dedicate a post on my blog about it. My first two attempts to visit were unsuccessful, due to private events. Today I had a third luck charm. The gallery is amongst the best galleries in the world for contemporary art. It was first opened in 1985 in an old color factory in northern London. From 2008 is relocated to its current address on Sloane Square in Chelsea. The founder is Charles Saatchi better known as the cofounder of the world famous marketing agency Saatchi & Saatchi, that devised Margaret Thatcher’s campaign against the Labour party in the 1980’s.

He initially opened the gallery to exhibit his own works. But, in the last 30 years, Saatchi Gallery represents a playground for art works of unknown artists. From here it’s the gallery’s popularity as a starting point for many talented artists that are in the beginnings of their careers. It’s no wonder that Saatchi is well known for its abundant art collection, as well as sponsoring Young British Artists (YBA), through the famous Freeze show from 1998, when the caeers of Damien Hirst, Sarah Lucas, Lake & Dinos Chapman.

It’s fascinating the way Saatchi presents contemporary art to the world, from young and unknown artists that you can’t see in any other gallery in London. The aim of Saatchi Gallery is to present the most interesting artists of today. All the pieces are temporary? And here is the beauty of discovering something new every time you go. For those who would like to spend some money and buy an artwork from a young and unknown artist, on the top floor of the gallery is a store in which you can purchase items and artworks from artists that today are unknown, but you might get surprised in a few year time.


Галеријата Сачи  подолго време беше на мојата листа за да посветам еден блог. Два обиди да ја посетам завршија неславно, заради активности кои ја затворија за јавноста. Денес имав трета среќа. Галеријата се смета за една од најдобрите галерии во светот на современата уметност. Прв пат е отворена во 1985 година во една стара фабрика за бои во Северниот дел на Лондон. Од 2008та година се префрлила на сегашната адреса на Слоун сквер во Челзи. Нејзиниот оснoвач e Чарлс Сачи познат на пошироката јавност како коосновач на светски познатата агнеција за рекламирање Сачи & Сачи, која ја обмисли кампањата на Маргарет Тачер против Лабуристичката партија во 1980тите години.

Првенствено галеријата ја отворил за да ги излага своите дела. Но, во изминатите повеќе од 30 години, галеријата е уметничко игралиште на уметнички дела на илјадници непознати уметници. Оттука нејзината слава како отскочна штица или стартна точка на оние кои се вистински талентирани за кареиера во уметноста. Не е ни чудно што токму Сачи, е познат по својата исклучително богата уметничка колекција, но и спонзорорање на Млади Британски Уметници (YBA), преку познатото Freeze show од 1988 година кога беа стартувани кариерите на Damien Hirst, Sarah Lucas, Lake & Dinos Chapman.

Фасцинира определбата на Сачи, на светот да му ја презентира современата уметноста на млади и сосем непознати уметници кои нема каде да се видат по галериите низ Лондон. Водечкиот принцип на селекцијата на Сачи е да се претстават најинтересните уметници на денешнината. Сите постановки се времени, оттука и убавината што при секоја посета се среќавате со нова уметност. За оние кои пак сакаат да вложат мала сума во уметничко дело на некој млад и непознат автор, на најгорниот спрат постои продажен дел во кој можете да направите инвестиција купувајќи сега непознат автор чија вредност на делото може да изненади за неколку години.

You Might Also Like