Beauty

Nativis

September 9, 2018

Последната година пробувам се повеќе и повеќе да избирам природна козметика за нега на моето лице и тело со цел да променам некои мои навики. Сфатив дека секојдневно користиме продукти кои се преагресивни како дезодоранси, гелови за туширање, детергенти итн. Кога пред неколку денови добив понуда за соработка со српската природна козметика Софи, сега достапна и во Македонија, со нетрпение чекав да ги испробам нивните продукти.

Козметиката на Софи е 100% природна, без парабени и вештачки додатоци, не е тестирана на животни и скоро целата козметика е веганска, а и да не го изоставиме одличното пакување и дизајн. Имаат најразлчини продукти, од сапуни за лице, балзам за усни, креми и што уште не. Веќе неколку неделу редовно ја користам козметиката Софи, и денес со Вас ќе го споделам моето искуство и мислење.

Без конкуренција мојот фаворит е природниот дезодоранс од пачули и бергамот. Е целосно природен, не содржни никакви парабени и нема алуминиум- што значи збогум на уништените бели маици од дезодоранси. Од сите досега дезодоранси што сум ги пробала без парабени и алуминиум, дезодорансот на Софи се покажал најдобар. Има свеж мирис, трае преку целиот ден и не остава никакви траги или флеки на вашата облека.

Потоа ја имаме маска од активен јаглен, која што е одлична за вашето лице. Ги намалува и ги чисти порите порите, значајно се намалуваат мрсните делови на Вашето лице, длабински ја чисти кожата и го мазни Вашето лице. Јас ја користам на секои 7 до 10 дена и јас оставам да седи по 20 минути, дооколку имате попроблематично лице користете ја почесто.

Следен фаворит ми е крема за лице од бадем за сува кожа. После долгото лето кожата на моето лице е значајно посува, така што моментално користам крема за сува кожа со цел да се хидрира лицето. Кремата на Софи е одлична! Освен што прекарсно мириса и има одлично пакување, таа исто така одлично го хидрира моето лице. Плус е и дневна и ноќна крема што значи повеќе не треба да носите две креми кога патувате.

Нешто што не очекував да ми се допадне толку многу се сапуните од глина и активен јаглен за длабинско чистење на кожата, и сапунот од алое вера за регенерација на кожата. Сапунот од активен јаглен и глина го користам напоредно со маската од активен јаглен, во комбинација се одлични и лицето после тоа ми изгледа одлично. Додека пак сапунот од алое вера го користам на секоја 2 до 3 дена наутро, а потоа го ставам кремот од бадем. Има различни видови на сапуни за секакви типови на лице и за различна намена, сите сапуни можете да ги видите тука. Најчесто природните сапуни не прават пена (што беше и едно од причините што не бев некој љубител на истите) но, Софи сапуните содржат кокосово масло и не само што ја храни Вашата кожа туку и прави пена.

И за крај ги имаме балзамите за усни, кои што како и сите останати продукти од Софи се природни. Сите балзами мирисаат преубаво и ги хидрираат усните одлично, што е супер за есенскиот и зимскиот период што доаѓа. Мојот омилен вкус е чоколадо.

Козметиката Софи можете да ја нарачате онлајн од продавницата DD Pure Shop како и од нивната Facebook страна, а дел од производите можете да ги најдете и во ДМ дрогериите низ Македонија. Гледајте ја Вашата кожа како место каде што живеете и не заборавајте да користите квалитетна и природна козметика, да не ја третирате вашата кожа агресивно, да ставате секакви продукти без прво да го проверите составот на истите бидејќи тоа не е она што е добро за неа. Се надевам Ви се допадна овој пост, ако пробате некој од производите на Софи споделете го со мене Вапате искуство и мислење. И не заборавајте да ме следите мене и Софи козметика на инстаграм, затоа што за многу скоро ќе имаме неколку изненадувања!

Photography: Simone Kalica

 

 

 

 

You Might Also Like