Lifestyle

Michelin Star Pancakes

December 10, 2017

There was one a hotelier names Andre Balazs that decided to transform, a charming firehouse built in 1889, into a luxury hotel with 26 rooms and a restaurant in which he will bring Portuguese Michelin Star chef Nuno Mendes. The small and charming firehouse Chiltern Firehouse became the it place for celebrities, and it takes months to get a reservation.

Bradley Cooper, Orlando Bloom, Katy Perry, Bill Clinton, Marina Abramovic, Naomi Campbell, Lilly Allen, Simon Cowell…here David Beckham was the host for the H&M party in which campaign he started, the list goes on with David and Samantha Cameron, Lindsey Lohan, apparently in this restaurant she had a fight with Kate Moss. But to leave the celebrities and their lives, I came here for breakfast to try the best pancakes London has to offer.

At the door you are greeted by a doorman with a tall hat and through the charming garden you go in the restaurant. The Portuguese chef and magician Nuno Mendez left his restaurant in East London to come here and create a contemporary menu with innovative dishes of American food. There is no wonder that his version of American pancakes became so popular. The whole restaurant is in a classic New York style…high ceilings, large mirrors, soft light, a bar that dominates and an open kitchen.


Си беше еднаш еден хотелиер по име Andre Balazs кој реши шармантната пожарникарска станица изградена во 1889 година лоцирана во лондонската населба да ја претвори во луксузен хотел со 26 соби и ресторан во кој ќе го донесе да создава нови гастрономски чуда генијалниот португалски готвач носител на Мишелин ѕвезди Нуно Мендез. Така малата и шармантна пожарникарска станица Chilter Firehouse се претвори во локација на која славни личности доаѓаат во толпа и со месеци се чека да се добие маса.

Бредли Купер, Орландо Блум, Кара Делевинг, Кети Пери, Бил Клинтон, Марина Абрамович, Наоми Кемпбел, Лили Ален, Симон Ковел…..тука Дејвид Бекам беше домаќин на забава по повод неговото учество во кампањата на H & M, листата ја продолжуваат Дејвид и Саманта Камерон, па и Линдзи Лохан, која наводно во овој ресторан се скарала со Кејт Мос. Но, да ги оставиме славните и нивните животи, јас тука дојдов на појадок за да ги пробам највкусните палачинки кои Лондон може да ги понуди.

На врата Ве пречекува вратар со висок цилиндар и преку шармантниот двор Ве носи во ресторанот. Португалскиот кувар магионичар Нуно Мендес го напушти својот ресторан во Источниот дел на Лондон за овде да го креира современото мени со инвентивни пресврти на американските јадења. Затоа не е ни чудно што неговата верзија на американски палачинки станаа толку славни. И целиот ресторан е во класичен њујоршки стил…високи сводови, големи огледала, меко додворувачко светло, бар кој доминира и отворена кујна.

You Might Also Like