Lifestyle

List of wishes & list of appreciations

January 1, 2017

The beginning of every year is special.

Not just of the sparkles all around us and giving each other presents that put smiles on our faces and sparkle in our eyes, especially to the children. The end of a year pours hope that the next one will be better from the previous one and that we will have new beginnings.

For me 2016 was an excellent year, made special from personal achievements, but also filled with wonderful moments that I will cherish forever.

 

That is why today I giving gratitude to all that I have.

For having a wonderful family, that smiles melt ice bergs. To my small, but of much importance circle of friends that will forever be in my heart.

To my special one for the unselfishness when we are together and the support in all of our physical separations

 

For making my dreams come true in the field of education…for having the chance to travel…for seeing the world through a happy face.

For stopping to create a wish list, but a list of appreciations on which I put everything I have, but also what I don’t, but want it deeply. For this second one I give an even bigger gratitude…because it gives me a feeling that all those wonderful things and situations that I want, I already have or experienced.

 

What to wish You for the New Year?

To gather Your thoughts and from time to time to make the priorities on Your lists. It’s good to remind yourself that you are to yourself just as important as to others.

To serve as an example to others of not giving up on the things that make us tremble and blush.

 

Happiness is contagious, just like sadness.

I choose happiness, because a smile is the perfect start. Just like this series of photos, that I am showing to You, as a part of our traditional family photo shoot that we do every year with my parents. For a moment of pure happiness of the beginning of the New Year to last the next 365 days.

 

A big thanks to the amazing photographer Aleksandar Bunevski without whom no Christmas photo story would be true.

 


 

Почетокот на секоја година е посебен.

Не само заради светликавите искри насекаде околу нас и подарувањето кое ни става насмевки на лицата и создава искра во очите, особено на децата. Крајот на една година влева надеж дека следната ќе биде подобра од претходната и дека ќе имаме нови почетоци.

 

За мене 2016 беше одлична година, посебна по многу мои лични достигнувања, но и исполнета со прекрасни мигови кои ќе останат во моето срце засекогаш.

 

Затоа денес кажувам благодарам за се што имам.

Што имам прекрасно семејство чии насмевки ги топат сите санти со мраз.

На мојот мал, но значаен круг на пријатели кои ми се константа во животот..Ви благодарам.

На мојата љубов…за несебичноста кога сме заедно и за поддршката во сите наши физички разделби…ти благодарам.

 

На тоа што го остварувам својот сон поврзан со образованието…Благодарам.

Што имам можности да патувам. Благодарам…

Што светот го гледам со насмевнато лице….Благодарам

На тоа што престанав да правам листа на желби, туку листа со благодарности на која ставам се што имам, но и она што немам, а страсно го посакувам. На ова второто се заблагодарувам уште посилно…зошто ми дава чувство дека сите тие прекрасни нешта и ситуации кои ги посакувам, веќе ги имам и доживувам.

 

Што да  Ви посакам во Новата Година?

Да си ги собереме своите мисли и од време на време да ги ставаме најгоре на листата на приоритети.

Добро е чувството да се потсетиш дека самата на себеси си важна еднакво како и на другите.

Да бидеме на другите пример како не треба да се откажеме од нештата поради кои трепериме и кои ти го враќаат руменилото на образите.

 

Среќата е заразна, како и тагата.

Јас ја избирам среќата….зошто насмевката е најдобар почеток.

Како и на оваа серија фотографии, која Ви ја праќам, како дел од нашата традиционална семејна фото сесија која секоја година ја правиме со моите родители…за мигот на среќата и насмевката на почетокот на Новата Година да трае во следните 365 денови.

 

Благодарам на исклучителниот фотограф Александар Буневски без кого ниту една Новогодишна фото приказна не е вистинска.

86

45

141

136

15658800_1665923616758360_625963604_o

91

96

168

You Might Also Like

  • Donna October January 2, 2017 at 4:28 pm

    Среќна нова година, се најубаво!! :*

    • Teona Mango January 6, 2017 at 8:06 pm

      Ти Благодарам и на тебе ти посакувам се најубаво во новата :*