Lifestyle

Life is a game, art is life

August 14, 2016

The art studio should be the places where the intellectual and aesthetical are born, place where something special is created. Leonardo da Vinci thought that the atelier of an artist should be a small place, because small space disciplines the mind, while big one distracts it. Through photos and text I will take you to a small atelier, situated in Bitola, in order to bring you up close with story of creating art.

Like a person needs a home, an artist needs an atelier, and what I will be showing you today is both a home and an atelier of Buba Meshkova- Solak.

 

Discreet music is playing in the background, homemade lemonade with mint and ginger is served on the table, on the arm chair the cat named Yoda Master is sleepin. While the dog Kaja Solak is walking around the garden of the atelier build out of stone, firmly placed between a row of houses, with a view of a small park. For the past year it has been both a home and a working place of the artist couple Buba Meshkova and Dimitar Solakovski and their son Konstantin. It is their home, their corner for creation, thinking, and relaxation.

 

Buba Meshkova Solak graduated from Faculty of Fine Arts in Skopje. Master of the small drawing for which she is awarded, but known for large canvases, cubical installations, and interventions of objects that create an interaction with the audience.

With solo exhibitions in Germany, United Arab Emirates, and she just came back from a working stay in Paris where she presented her exhibition in an open studio concept called CONVERGENCE.

 

Buba is recognizable for playing with colors, the intensity of its depiction of the world, but also for creating art not only on the canvas or the surface she works on, but with interventions of clothes and accessories, that she creates a connection between her art and the fashion world.

 

She is our only artist which pieces have been a part of the design for the windows display of the British fashion brand “Hackett”, part of the Chalhoub group, that has the franchisee for Paul Smith, Miu Miu, Prada, and Il Gufo

 

Meeting with Buba Solak is like a game, conversation with her is art, and life’s a story.

With meeting her I discovered that she doesn’t only create art on canvas, she creates art with the way she talks, explains, thinks, and lives.


Уметничките ателјеа,  треба да бидат места на интелектуално естетски раѓања, места каде што се создава нешто посебно. Леонардо да Винчи сметал дека ателјето на уметникот треба да биде мал простор, затоа што малиот простор го дисциплинира умот, а големиот го одвлекува вниманието. Во едно мало ателје, сместено во Битола ќе Ве однесам со текст и фотографии со цел да ја приближам приказната за создавање на уметност.

 

Како што на човекот му треба дом, така на уметникот му треба ателје, а она што денес ќе Ви го претставам е и дом и ателје на Буба Мешкова-Солак.

 

Дискретна музика свири во позадина, домашна лимонада со нане и ѓумбир е сервирана на масата, на фотељата е раскомотен мачорот со име Јода мастер….кучката Каја Солак шета низ дворот на ателјето изградено од камен, стегнато во редицата куќи со поглед на малиот парк. Kое веќе една година е и дом и работен простор на уметничкиот пар Буба Мешкова и Димитар Солаковски и нивниот син Константин.

Тоа е нивниот дом, нивното катче за творење, размислување и уживање.

 

Буба Мешкова Солак дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Мајстор на малиот цртеж за што е наградувана, а препознатлива по големите платна, коцкести инсталации и интервенции на предмети со кои лесно ја создала интеракцијата со публиката.

Со самостојни изложби во Германија, Обединетите Арапски Емирати, а деновиве штотуку се врати од работниот престој во Париз каде што ја претстави својата изложба по концепт на отворено студио со наслов CONVERGENCE.

 

Буба е препознатлива по играта со бои, по интензивноста на нејзините ликовни претстави на светот, но и по трагањето за уметност не само на уметничкото платно или површина со која работи, туку и со интервенции на облека и модни додатоци што создава толку нормалнаврска помеѓу нејзината уметност и модниот свет.  Таа е единствениот наш уметник чиј дела се дел од дизајнот на излозите на британскиот моден бренд Хакет, дел од групацијата “Чарлхаб” која ги има франшифизите за Пол Смит, Миу Миу, Прада и Ил Гуфо.

 

Со Буба Солак средбата е игра, со неа и разговорот е уметност, а животот е приказна.

Во средбата со неа открив дека таа созадава уметност не само со уметничките дела, туку и со начинот на кој зборува, објаснува, размислува и живее.

_TEA3287

_TEA3437

_TEA3303

_TEA3294

_TEA3339

_TEA3326

_TEA3317

_TEA3407

_TEA3427

_TEA3346

_TEA3380

_TEA3390

_TEA3334

 

_TEA3418

_TEA3315

You Might Also Like