Lifestyle

Let’s wrap it up

January 1, 2019

Time for my traditional yearly recap, more like yearly reflection of what I have been doing in the past 365 days. We are here yet again, saying goodbye to the old year and welcoming the new. Time to look back in everything we have done and achieved in the past 12 months, both the good and the bad, and think how much has changed in a year time.


Време за мојата традиционалната годишна рецензија за што правев во изминатите 365 дена. Тука сме повторно, се збогуваме со старата и ја пречекуваме новата година. Време да погледнеме назад и да видиме што се сме направиле и постигнале во изминатите 12 месеци, и добрите и лошите, и да размислиме колку се имаме променето во овие година дена.

I always look forward to the new year, I see it as a clean sleight to start new things, set new goals and become a better version of yourself. Looking back to this year I can say that I have a love-hate type of relationship. I had a lot of obstacles and difficulties which I never thought I would have, but there you have it, life can be pretty unpredictable, and whining about it won’t do you any good. It was year of many difficulties but also a very rewarding and achieving year. I achieved many things that I am very proud and happy about.


Секогаш се радувам на новата година, ја гледам како нова шанса да се започнат нови нешта, да се постават нови цели и да станеме подобри од тоа што сме. Кога ќе се навратам на оваа година можам да кажам дека имам некаковlove-hate однос. Имав доста препреки и тешки моменти, кои никогаш не очекував дека ќе ги имам, но знаете како животот може да биде непредвидлив, и доколку се жалите за истото нема ништо да постигните. Иако беше доста тешка година за мојот приватен живот од друга страна беше и многу успешна година. Остварив многу нешта за кои сум исклучително горда и среќна.

Before we jump into writing down New Years’ resolutions and goals, it’s important to write a list of things we are grateful about.


Пред да скокнеме во пишување на новите цели за новата година, важно е да напишеме листа за се она што сме благодарни.

I am grateful that I have all family members alive and healthy.

Благодарна сум што сите членови на моето семејство се живи и здрави.

I am grateful for the unconditional love and support I receive from my family, especially to my mother and father.

Благодарна сум за безусловната љубов и поддршка која ја добивам од мојата фамилија, особено од мојата мајка и татко.

I am grateful for my small, but very important circle of friends.

Благодарна сум за мојот мал, но многу важен круг на пријатели.

I am grateful for my boyfriend, for the unselfishness he has for me when we are together but also 4,000 miles apart.

Благодарна сум на мојот дечко, за несебичноста која ја има за мене кога сме заедно, но и кога сме оддалечени 4 000 километри.

I am grateful that I get to study what I love and live in my favorite city while studying.

Благодарна сум за тоа што имам можност да го учам она што го сакам и да живеам во мојот омилен град додека го правам тоа.

I am grateful that I get to travel and live life to the fullest.

Благодарна сум за тоа што имам можност да патувам и да го живеам животот во целост.

I am grateful that I am able to turn my dreams into reality.

Благодарна сум за тоа што можам да си ги претварам моите соништа во реалност.

I am grateful for the person that I am becoming.

Благодарна сум за личноста која станувам.

I am grateful for all the challenges life throws at me, especially the bad ones, because they all make me a better ands stronger person.

Благодарна сум за сите предизвици кои животот ми ги фрла, особено потешките, затоа што ме прават подобра и посилна личност.

Lastly, I am grateful for life, for having the chance to experience what I am experiencing and live the life that I want.

За крај, благодарна сум на животот, што имам шанса да го доживеам она што го доживувам и да го живеам животот што го сакам.

I want to wish you all a Happy New Year, may this year be filled with love, happiness and many accomplishments to each and everyone of you. Here’s to another year of hanging out at this space that I created that I never imagined it will get so far.


Сакам да ви посакам на сите вас Среќна Нова Година, нека оваа година ви биде исполнета со љубов, среќа и успеси на сите вас. Уште една година дружење на овој простор кој јас го креирав и никогаш не помислив дека ќе достигне толку далеку.



Dress: Shein here

Photography: Simone Kalica

You Might Also Like