Fashion

Let’s talk about self-love

February 27, 2019

Many times we hear people say: ‘You have to love yourself more’; ‘You can’t love another person until you love yourself first’; ‘Why don’t you love yourself’…Self-love is one of important aspect to live well. Today we live in a society where norms and traditions have changed drastically over the past decades. I feel that everyday there is more hatred than the day before. We forget to love ourselves, by trying to find and point out all the imperfections and flaws we have, by second-guessing ourselves, by not taking risks and going for what we want, by giving our time and love to the wrong people. Once you realize all this and start loving yourself and prioritizing yourself you will see how much more happier, content and fulfilled you will feel.

Tom Tailor always have very meaningful and thoughtful campaigns, focusing on the wellbeing and abilities of every individual. This month their challenge was say yes to yourself. Which made me think when was the last time I said yes to myself? Do I say it enough? The truth is I am a very determined person, once I set my mind on something I go for it and won’t stop till I get it. I am a perfectionist and I am never fully satisfied with the result I get, always saying that I could do better and there is room for improvement. From time to time I forget to appreciate myself and reward myself for doing good or succeeding at something, no matter how small or big that success is. And this year one of my goals was to appreciate myself more, not to be so hard on myself, and learn that sometimes I have to say no to people to say yes to myself. Loving yourself is the greatest revolution, saying yes to yourself and pushing yourself to do something you were always afraid to do is the greatest revolution, taking a risk no matter what the outcome is, is also a revolution. Life is to short to spend it hating ourselves, wasting our time on people that don’t deserve it, and missing chances because we were afraid to say yes.

For todays outfit I picked some items from the new Tom Tailor collection, lately I’ve been experimenting with colors and clothing, and this sky blue was something that I don’t usually wear during the winter months. Since it is still pretty cold in Macedonia I went for layering. The transitional coat is the perfect item for daily outgoings, when 10 minutes is warm and 10 minutes is cold, plus this creme color is perfect from transitioning from darker to lighter colors. I fell in love with the blue of shade so I had to choose this sweater and combined it with a pattern shirt underneath. As for bottoms, I went for dark shaded pants, so the rest of the outfit can stand up.


Многу често слушаме луѓето да кажат: “Мора да се сакаш себеси повеќе”; “Не можеш да сакаш друга личност пред да се засакаш себеси прво”; “Зошто не се сакаш себеси”…Сакањето на самиот себе и важен аспект за добро живеење. Денес живееме во општество каде нормите и традициите се изменаа драстично во минатите неколку децении. Чувствувам дека секој ден има повеќе омраза од претходниот. Забораваме да се сакаме себеси, со тоа што си ги бараме сите несовршености и “грешки” во себеси, со тоа што се двоумиме за сите одлуки кои сме ги донеле или сакаме да ги донесеме, за не превзамање на ризици и правење на нештата кои ги сакаме, со давање на нашето време и љубов на личности кои истото не го заслужуваат. Кога сето ова ќе го сфатиме и ќе започнеме да се сакаме себеси повеќе и да се ставаме самите ние на прво место ќе видите колку посреќен, позадоволен и поисполнет живот ќе имате.

Том Тејлор секогаш имаат многу интересни кампањи со големи значења, кои го ставаат во фокус доброто на личноста и способностите на една индивидуа. Овој месец нивниот предизвик е кажи да на себеси. Што ме натера да размислам кога последно си реков да? Дали доволно пати кажувам да на себеси? Вистината е јас сум многу одлучна личност, кога ќе ставам на ум нешто правам се за истото да го остварам. Од друга страна сум перфекционист и скоро никогаш не сум потполно задоволна со резултатите кои ги добивам, секогаш сметам дека сум можела подобро и дека има простор за подобрување. Од време на време заборавам да се ценам себеси и да се наградам за моите успеси, безразлика колку мали или големи биле. Оваа година една од моите цели е да се ценам повеќе себеси, да не бидам толку строга кон себе, и да научам да кажувам некогаш не на луѓето за да можам да си кажам да на себеси. Да се сакаме себеси е најголемата револуција, да си кажеме да на себеси и да се мотивираме да направиме нешто што сме се плашеле да го направиме е најголемата револуција, превземање на ризик без разлика на тоа каков ќе е исходот е најголема револуција. Животот е краток за да го поминеме во мразење на себеси, трошење на нашето време на личности кои не го сазлужуваат истото и пропуштање на шанси бидејќи сме се плашеле да кажеме да.

За денешниот аутфит избрав неколку парчиња од новата колекција на Том Тејлор, во последно време експериментирам со бои и парчиња на облека, и оваа небесно сина боја е боја што ското никогаш не ја носам во зимските месеци. Бидејќи сеуште е доста ладно во Македонија ја избрав опцијата слоеви. Палтото е одличен за транзиција од зима во пролет, кога е 10 минути топло и 10 минути ладно, а исто така бојата е одлична да се префрлиме од темни на светли бои. Се заљубив во сината боја така што мотав да го изберам овој џемпер и под него ставив кошула со принт. За здолниште ги избрав овие пантолони во темна боја со цел остатокот од комбинацијата да дојде во израз.

Photography: Simone Kalica

Outfit: Tom Tailor

*This post is in a paid collaboration with Tom Tailor

You Might Also Like