Lifestyle

Karolina is love for music

August 19, 2018

To be on top of show business you need to stay yourself. The best example for this is Karolina Goceva and her long career. The 9th album is here and was promoted in the ancient theater of Heraklea in mine as well as hers home city Bitola. I wanted to give room in my blog to Karolina because of her uniqueness.  Her vocals, her remarkably refined stage performance, she is considered as one of the most beautiful women, characterized by sense of aesthetics that fully reflects on her fashion style.

Through questions that interested me I will try to bring you closer to Karolina…simple, yet so high on the top.


Да се биде на естрадниот врв потребно е да се остане свој. Најдобар доказ за тоа е Каролина Гочева и нејзината долгогодишна кариера. 9 студиски албум е тука и во античкиот театар Хераклеа беше промовиран во мојот град Битола. Сакав во мојот блог да отстапам место за Каролина заради нејзината посебност. Плени со нејзиниот вокал, има извонредно рафиниран сценски настап, важи за една од најубавите жени, ја карактеризира чувство за естетика која се огледува целосно на нејзиниот моден стил.

Низ прашања кои ме интересираа ќе се обидам да Ви ја доближам Каролина…совршено едноставна, а толку високо на врвот.
Сеќавања на првиот настап…..
– Секако дека се сеќавам, мојот прв настап со своја, снимена песна беше на фестивалот Си До, кој кога јас имав 10 години за првпат почна да се одржува во мојот роден град Битола. Пред тоа настапував на приредбите од моето основно училиште, а бев член и на пионерскиот дом од Битола, кој во тоа време организираше голем број настани каде повеќе пати настапував.
Миг од кариерата кој ја вивна кон врвот….
-Па од настапот на Си До на некој начин почна се. Во тоа време немаше толку можности да се претставиш како сега, немаше талент шоуа, немаше социјални
 мрежи, така да шансите да бидеш забележан беа доста мали. Мене ме забележаа на тој детски фестивал и од таму добив понуда за Макфест каде настапив на само 11 години и од тогаш на некој начин почна се, иако не можам да кажам дека имав некои посериозни планови
 за ова да биде моја животна определба се додека не станав полнолетна и не почнав да работам со сериозна куќа како Авалон, почнав да снимам албуми, спотови, да правам концерти…
Ако не беше музиката професија, ќе беше?….
-Уште како многу мала почнав да го работам ова, така да не бев во ситуација да бирам помеѓу неколку нешта, туку тоа што како малечка го сакав, доста
 рано и ми се оствари, иако тогаш не ни замислував дека ќе прерасне во нешто од кое ќе живеам.
Често луѓето од естрадата се преокупирани со изгледот, а не со тоа што ќе и го понудат на публиката. Тие две нешта кај неа одат паралелно.
Нескромно најубавата и секогаш совршено облечена Каролина која плени со својот глас….има ли посилен микс од ова за да се остане на врвот…..
-Фала ти на комплиментите. Се согласувам дека погоре набројаните работи одат едно со друго. Порано единствено ми беше важно да ми се допаѓа тоа што го
 носам на сцена, сега ми е исто важно и да ми е удобно заради тоа што и музиката која ја изведувам е доста захтевна па не сакам да размислувам на тоа дека нешто ми е нелагодно или штиклите ми се високи. :)) Најважното нешто кај сценската гардероба е изведувачот
 да ја носи неа, а не обратно и секако личниот печат.
За соработката со стилистката Цаци Паковска кој го дефинира до совршенство нејзиниот личен стил. 
-Се познававме уште пред да почнеме да соработуваме, а се договоривме да почнеме да работиме за време на една фотосесија. Ова беше пред некои 15тина
 години, работиме се уште затоа што Цаци иако помно прати мода и актуелни трендови, точно знае што ми се допаѓа и никогаш не се обидела да ми наметне некој тренд доколку тоа не личи на мене, а неретко се случува и таа сама да ми избере некои парчиња за кои
 мисли дека добро би изгледале на сцена.
И приватно таа секогаш е впечатлива и едноставно своја. Кои се три клучни нешта во нејзиниот гардероб…..
-Не можам да издвојам три клучни нешта, единствено нешто што постојано купувам се бели маички во различни модели и величини. Последниве две три лета сакам
 и летни фустанчиња во јаки бои кои најчесто ги комбинирам со патики, сакам и летни долги фустани кои секогаш ги комбинирам со рамни сандали, никогаш со штикла, потоа удобни бермуди, широки панталони…
За патувањата….
-И покрај тоа што има многу места кои ми се во план и кои ми е желба да ги посетам, сепак на некои места би се враќала и се враќам повеќе пати… Така,
 Миконос се уште не ми здосадува,иако сум била 5,6 пати, :)) исто, Рим ми е еден од омилените градови, зимава повторно го посетив и Лос Анџелес…сакам да се враќам на места за кои ме врзуваат убави спомени и мислам дека никогаш нема да ми здосадат.
За новиот албум, за Авалон, за следните планови….. 
-Со последниов албум направивме некој микс на стилови и музички правци и мислам дека сме поблиску до поп отколку до етно… не знам каков звук ќе понудам
 во иднина, сега работиме на промоција на последниов албум и надвор од мк, така што, рано е да се размислува за нов проект. Но, она што е сигурно е дека опфативме публика буквално од 7-77 и тоа го сметам за огромен успех.
 Какво е чувството да се пее во древен амфитеатар наспроти настап во најсовремена концертна сала….
– Амфитеатрите се посебна магија поради амбиентот, поради природната акустика и поради тоа што се под отворено небо. Но и покрај тоа го имаат оној интимен
 момент кој го нудат концертните сали.
Дали Каролина понекогаш го чита мојот блог?
-Случајно ти кликнав лајк минатата година и баш ми беше мило кога се јави за интервју. Ми се допаѓа што блогот ти е во склад со твојата возраст и што
 ги пратиш светските, а не нашиве балкански трендови и мислам дека е убав пример за тоа како треба да изгледа една млада, природна и урбана девојка.

You Might Also Like