Lifestyle

Heritage Pub

March 18, 2018
Many who know this city well, as a joke, will ask the following question to the newcomers: What are the two biggest attributes of London? And will answer the question themselves: history and beer.
Okay, without a doubt, there is much more than those two things, but this are probably the two factors that are creating the story for the London pubs. Many many years ago, in the first pubs in London, pirates and burglars handled their business from this places. Bloody encounters were an everyday event, Charles Dickens and Samuel Pepys, got their inspiration in pubs.

Today the faces of the guests in the pubs are not lit by oil lamps but, of the screens of the smartphones or tablets, but the reason why people are still going to pubs is to enjoy in almost the same things: cozy atmosphere, good beer and great company. The word pub is a short for public house and by definition it is a place that has license to serve alcohol, usually beer as well as the traditional ale and cider. Pubs are a focal point of one community especially for the small populated areas, and in the 17th century Samuel Pepys will call pubs ‘the hearts of England’. Their historic roots go to the roman taverns through the Anglo-Saxon alehouses, to the declaration of King Richard II for pubs to be publicly noted as locations were ale is served.
In London there are around 10 very old pubs, that beginnings are amongst the first. And you definitely must visit at least one. I decided for this blog post to take you to The Cross Keys Pub build back in 1708 and at the same time the oldest pub in the borough of Chelsea. With historic luggage, today totally refurbished, this pub is now a connection of the past and the present. Therefore, it is no surprise that it had guest such as Agatha Christie and Dylan Thomas, Bob Marley too and the members of the Rolling Stones.
In 2012, the owner of that time, closed its doors because the pub was losing a lot of money, and wanted to sell the place for an investor that will build luxury apartments. But, the local citizens valuing the historic value of it, changed the mind of the owner and kept the pub open. Under new management and owner, today the Cross Keys is a place where people who enjoy dished prepared by Michelin star chefs.

Во шега многумина кои го познаваат добро овој град на некои нови лица ќе им го постават следното прашање:Кои се двата најголеми атрибути на Лондон? И сами ќе одговорат: историјата и пивото. 
ОК, без сомнение, има и многу повеќе од овие две нешта, но веројатно ова се двата фактори кои ја создаваат приказната за лондонските пабови. Пред многу, многу години, во тогаш првите пабови на Лондон, пирати и крадци од гробиштата од овие места го водеа својот бизнис. Крвавите пресметки беа секојдневие, а Чарлс Дикенс и Семјуел Пепис, токму во пабовите ја црпеа својата инспирација.
Денес, лицата на гостите во пабовите не ги осветлуваат газиените лампи, туку екраните на смартфоните или таблетите, но причината поради која и денес одат луѓето во пабовите е да уживаат скоро во идентични нешта: топлата атмосфера, одличното пиво и веселото друштво.  
Зборот паб е кратеница од public house и по дефиниција тоа се места каде што со дозвола се точи алкохол, најчесто пиво, како што е традиционалното але и пијалоци од сидер.  Пабовите се фокална точка на една заедница особено во малите населени места, а уште во 17 век Семјуел Пепис ќе ги нарече пабовите “срцата на Англија”.
Нивните историски корени допираат до романските таверни, преку англосаксонските alehouse, до прогласот на Кралот Ричард Втори пабовите да бидат јавно обележани како локации во кои се точи але.
Во Лондон постојат 10тина исклучително стари пабови чии почетоци се од појавата на првите. И никако нема да погрешите ако ги посетите. Јас за мојот пост одлучив да Ве однесам во The Cross Keys паб изграден во далечната 1708 година и воедно најстариот паб во лондонската четврт Челзи. Со историски багаж, но денес комплетно реконструиран, овој паб сега е фузија на традициите и новото време. Затоа и не е чудно што во него со задоволство навраќале некогаш и Агата Кристи и Дилан Томас, но и Боб Марли и членовите на Ролинг Стоунси.
Во 2012 година тогашниот сопственик на овој паб, ги затвори неговите врати под образложение дека овој бизнис сериозно губи пари, со цел да го продаде прилично добро на инвеститор кој од него би направил луксузна резиденција со базен во подрумот. Но, локалното население ценејќи ја историската вредност, после успешна локална кампања го убеди тогашниот сопственик дека оваа локација мора да остане историски паб. Под нов менаџмент и со променет соственик, денес Cross Keys е место на кое навраќаат и локалците, и работници кои во овој кварт изведуваат градежни работи, но и дами и господа кои сакаат оброци одготвени од кувари кои биле тренирани од шефови со Мишелин ѕвзеди.

You Might Also Like