Europe, Macedonia, Travels

Getaway to Ohrid

July 8, 2018

The city of Ohrid and Ohrid Lake have always had a special place in my heart, since very young I used to spend at least a couple of weeks each summer there. First with my parents, then with friends…and honestly I have so many good memories connected with this place. Apart from the sentimental value, Ohrid and its lake are simply breathtaking, and whenever someone asks me what’s worth seeing in Macedonia I always say Ohrid Lake is an absolute must.

So when I got invited by Vila Mina, to stay for a couple of days and enjoy the beauty of it, I happily accepted. Vila Mina is located in Lagadin on the shore of Ohrid Lake and just 10km from the center of the city of Ohrid and 30km from the church St. Naum of Ohrid. It has the perfect location, there isn’t much traffic so it is really quiet, it is not overcrowded which is great since Ohrid tends to be really crowded in summer. On just one minute walk you have a small and quite beach, also most of the beaches are just a few minute drive. Tip: the best way to see lake Ohrid and the area is to take a car and drive around the shore, Vila Mina can also provide you with a rent a car which makes everything so much easier.


Охрид и Охридското Езеро од секогаш имале посебно место за мене, уште од многу мала поминувам барем по неколку недели секое лето. Прво со моите родители а подоцна и со пријателите…и искрено имам толку убави спомени од тие места. Освен од сентименталната вредност, Охрид и езерото се прекрасни, кога некој странец ќе ме праша што вреди да се види во Македонија јас секогаш им одговарам Охридското Езеро.

Кога пред неколку дена бев поканета од Вила Мина да одам на неколку дена и да уживам во убавото време, со задоволство прифатив. Вила Мина се наоѓа во Лагадин, на самиот брег на Охридското Езеро на само 10км од центарот на Охрид и на 30км од Св. Наум. Има одлична локација, доста мирен дел, нема премногу гужва (што е реткост во Охрид). На само една минута имате мала плажа, и скоро сите плажи ви се на неколку минути со кола. Совет: најдобриот начин да го видите Охрид и околината е со кола да се возите по брегот, Вила Мина може да ви организира изнајмување на кола доколку не сте дојдени со Ваша, што е стварно олеснително.

My room had a beautiful view of the lake, so in the morning I had my breakfast on the terrace and enjoyed the stunning view while reading or doing some work. The rooms are very spacious and have all the necessities you need. It even has a lounge area which I found perfect to catch up on my work.


Мојата соба имаше прекрасен поглед на езерото, така да моите утра ги поминував токму таму и појадував на терасата. Собите се доста големи и просторни, ги имаат сите работи кои што ви се потребни за еден престој. Има и дневен престој што за мене беше супер дел да можам да работам.

The vila itself has a beautiful garden bar, where you can spend your day enjoying your morning coffee or cooling off with a cocktail or some ice-cream. The staff throughout the whole stay was extremely nice and friendly.


Вилата има исто и бар во дворот, каде што можете да го поминувате вашиот ден пиејќи кафе или да се разладувате со некој коктел или сладолед. Вработените и целокупната услуга беше фантастична, услужливи и за сите информации и прашања им се обраќавме нив.

My absolute favorite part was the infinity pool, I have always been more of a pool person so this was just perfect for me. Although the beach was just a minute walk, I preferred to spend my day tanning by the pool. Apart from the sun beds there was also a lounge area which was perfect and for the majority of the day was in the shade, so that meant a perfect spot to read my book.


Мојот омилен дел беше базенот, одсекогаш сум преферирала базен така да ова беше одлично за мене. Иако плажата беше на само една минута, јас одлучив да се сончам покрај базенот. Освен лежалките има исто и дневен престој кој поголемиот дел од денот беше во сенка и претставуваше одлично место да си читам книга.

As I said the town of Ohrid is just a 15 minute ride, so for a day we went around the town to do some exploring and just walk around. My personal favorites in the town of Ohrid are the Old Town filled with small stores, restaurants and caffes and the iconic house architecture, definitely sit down for coffee or lunch in one of the cafes or restaurants by the lake. St Jovan Kaneo church this scenery might be familiar to you, hence is the most popular place in Ohrid, it’s just a short walk from the old town and the view from there of the lake will leave you breathless. Other places that I recommend visiting is St. Naum of Ohrid, Gradiste beaches if you are up for day partying and the village of Trpejca for a quiet lunch.


Како што реков градот Охрид е на само 15 минути возење од Вила Мина, така да едно попладне се одлучивме да одиме до градот и да направиме мала прошетка. Моите омилени место во Охрид се стариот град исполнет со продавници, кафичи и ресторани со карактеристичните Охридски куќи, дефинитивно седнете на кафе или на ручек во некој од баровите или ресотраните до самото езеро. Црквата Св. Јован Канео, оваа глетка можеби ќе ви изгледа познато бидејќи е најпознатото место во Охрид, се наоѓа блиску до стариот град и погледот од таму воодушевува. Други места кои ги препорачувам се: Св. Наум, плажите на Градиште доколку сте за дневни журки и Трпејца за мирен ручек.

I hope you liked this post & thank you Vila Mina for having me and the great hospitality.


Се надевам дека ви се допадна овој пост, голема благодарност до Вила Мина за поканата и гостопримството.

You Might Also Like