Lifestyle

Feel the light

September 11, 2016

Their faces are not known to the public, because they are not on the front pages. But that doesn’t bother them.

Their names sound familiar only to the true lovers of cinematography. And they wish this to stay like that, to be only recognized by the ones who truly admire the 7th art.

Under the glow of the spotlights they don’t feel comfortable, but they feel the light with closed eyes.

They are magicians of the light and shadow…their place is behind the camera, not in front of it…maybe that’s why the red carpet isn’t their natural habitat, they are not affected by the need to walk on it, unless when they have to.

They are cameraman, directors of photography…they are cinematographers.

Dedicated to them is the oldest and most original film festival Brothers Manaki.

Great artists whose modesty is a merit.

Without them their great films, wouldn’t have been so great. Nor the actors names would have shinned with that star if they weren’t filmed with the precise cinematographic eye.

Yesterday in my town Bitola for the 37th time began the celebration of the work of cinematographers. In Bitola arrived John Seale- the legendary Australian cinematographer, Oscar winner whose creative opus holds more than 50 movie titles. Including legendary movies such as The English Patient, Dead Poet Society, The Tourist, The Perfect Storm, Mad Max: Fury Road, The Talented Mr. Ripley, Harry Potter and the Philosopher’s Stone..

Last night standing ovation in the hall during the awarding of the Golden Camera 300 for Lifetime Achievement for this outstanding cinematographer.

The movie of Rade and Danilo Sherbedzija “The Liberation of Skopje” which is in competition, yesterday at the opening had it’s Macedonian premier.

Film history is being created by cinematographers. Bitola should be forever grateful to the brothers Manaki who created a place in this town where every fall the magicians of the cinematographic world meet, here in Bitola, to celebrate the art of the film.

Lets enjoy the next 7 days in the film art and see as much as we can from than 150 movies announced, from which 14 are selected from the film festivals in Cannes, Berlin, and Venice.

 


 

Нивните лица не им се познати на јавноста, зошто ги нема на насловните страници. Но ним тоа не им пречи.

Нивните имиња им  звучат познато, само на вистинските вљубеници во филмската уметност. Тие посакуваат така и да остане, да ги препознаваат само оние кои вистински ја разбираат 7та уметност.

Под блесокот на рефлекторите тие не се чувствуваат пријатно, но затоа ја чувствуваат светлината и со затворени очи.

Тиe се магови на светлината и на сенките…нивното место е зад, а не пред камерите…можеби затоа и црвениот тепих не е нивна природна средина и не патат од потребата по него да чекорат, освен кога мораат.

Тие се сниматели, директори на фотографија … тие се кинематографери.

Ним им е посветен најстариот и најоригиналниот филмски фестивал Браќа Манаки.

Големи уметници чија скромност е доблест.

Без нив големите филмови, немаше да бидат големи, ниту пак актерските имиња би сјаеле со таква ѕвезда ако не биле снимени со прецизното снимателско око.

Вчера во мојот град Битола по 37 пат започна да се слави работата на кинематограферите. Во Битола допатува и Џон Сил – легендарниот австралиски кинематографер, оскаровец чиј кретивен опус опфаќа повеќе од 50тина филмски наслови, меѓу кои и легендарните Англиски пациент, Друштво на мртвите поети, Турист, Совршена бура, Лудиот Макс, Талентираниот Господин Рипли, Хари Потер и каменот на мудроста…

Стоечки овации синоќа во салата при доделувањето на Златната камера 300 за животно дело на овој исклучителен кинематографер.

Филмот на Раде и Данило Шербеџија „Ослободувањето на Скопје“ кој е во официјална конкуренција, вчера на отворањето ја имаше својата македонска премиера.

Фимската историја ја создаваат кинематографите, а Битола вечно да им биде благодарна на Браќата Манаки кои од градот создадоа место за средба на овие големи магови кои секоја есен, тука во Битола да ја слават уметноста на филмот.

Да уживаме следните 7 дена во филмската уметност и да видиме што повеќе од најавените 150 филмови од кои 14 се филмски остварувања избрани од филмските фестивали во Кан, Берлин и Венеција.

 

14256403_10208896796050269_604461946_n

14269799_10208896795210248_1640691355_n

14281350_10208896809490605_1222980891_n

14303861_10208896851491655_119267621_o

14256392_10208896879892365_289738281_n

14257754_10208896834851239_7323125650284461519_o

Photo credits: Aleksandar Kotevski

You Might Also Like

Please wait...

Subscribe to our newsletter

Want to be notified when our article is published? Enter your email address and name below to be the first to know.