Europe, Travels, United Kingdom

Day Trip to Jurassic Coast

June 5, 2019

What a better way to spend your Sunday, than a road trip to the English countryside with friends. I always enjoy visiting the English countryside, love the greenery, forests, cute small towns and villages that look like they came from a fairytale book, and gorgeous landscapes.

This weekend we decided to go to the Jurassic Coast, located on the Dorset coastline, the Jurassic Coast is 95 miles of pure beauty. Fun fact: Jurassic Coast is UK’s first natural World Heritage Site.
It’s only a two and a half hour drive from London and you will be greeted with greenery, turquoise waters, cliffs and sandy beaches.

The weather was not the best, but that didn’t stop us from hiking and being mesmerized by the beautiful views. We parked in Lulworth and started our hike. We hiked all the way to Lulworth Cove, which is the iconic location where all the photos are taken. On the way we saw the Stair Hole. We then continued to Durdle Door and Man O’War Beach. Both beaches were packed with people, kayakers and hikers.

After the hike we headed down to Lulworth, which is this small village that looks like one from the fairytale books. Traditional houses, fudge and ice-cream shops, and a small port. For lunch we headed Finley’s Cafe where we had a light lunch before heading back to London.


Нема подобар начин да ја поминете неделата освен дневен излет со пријатели до некој од Англиските историски локалитети или села. Од секогаш сум сакала да ја посетувам Англиската природа, зеленилата, шумите, слатки мали гратчиња и селца кои изгледаат како да излегле од приказните, и прекрасни пејсажи.

Овој викенд одлучивме да го посетиме Jurassic Coast, лоциран на брегот Дорсет, Jurassic Coast е долг 95 милји и е прекрасен. Интересен факт: Jurassic Coast е првото светско наследство на Велика Британија. Е на само два и пол часа возење од Лондон и ќе бидете пречекани со зеленила, тиркизни води, клифови и песочни плажи.

Времето не беше најдобро, но не не спречи да испешачиме и да се воодушевуваме од прекрасните погледи. Се паркиравме  во Лулворт и ја започнавме нашата прошетка. Испешачивме до Lulworth Cove, кое е најпознатото место од Jurassic Coast и она кое најчесто го гледате на фотографиите. Успат ја видовме и Stair Hole. Продолживме до Durdle Door и Man O’War Beach. И двете плажи беа преполни со луѓе, кајакари и планинари.

После прошетката се симнавме до Лулворт, кое е мало селце кое изгледа како оние од приказните. Традиционални куќарки, продавници за бомбони и сладолед и малечко пристаниште. За ручек се упативме во Finley’s Cafe каде имавме лесен ручек пред да се упатиме назад за Лондон.

You Might Also Like