Lifestyle

A Tasty Holiday Tale

December 24, 2017

If you ever wonder where the western tradition for gingerbread house began, the first thing coming to my mind is to give thanks to the Grimm brothers and their cannibalistic witch. Since then told in the story of Hansel and Gretel, to today…deeply rooted in the holiday tradition, in the western world. We see it everywhere from home, to the White House. In 1812 the story for Hansel and Gretel by the Grimm brothers was published, in which a house of biscuits and candies appears. But, for the appearance of the gingerbread house besides thanking the Grimm brothers we have to thank a couple other nations and historic periods.

There is information that since the 16th century Germans have baking gingerbread houses, but the publishing of the story makes the gingerbread house popular. If you play around with Google, you will find out information taking us back a couple of centuries, more precisely in the 11th century during the Crusade Wars. In the states of the Eastern Mediterranean appeared the first samples of sweet houses made from an unknown spice for then-ginger, brought from Asia. That is why I kindly ask you without critiques on the topic: This is our tradition. Since, the gingerbread house has a global story.

It is obvious that the Germans have placed it in their baking tradition, bringing it up to a small work of art, and Nuremberg being the city where the bakeries keep recipe a family treasure. The biscuits were made by local monks with local ingredients, and the city in 1643 formed an association of bakers to develop strict rules that secure the quality of the product.

The tradition of baking a gingerbread house is something present in my home, a task assigned to me and my father, each year creating a new design (you can see our last years gingerbread house here). The ingredients are simple: flour, butter, honey, ginger, cinnamon and nutmeg…and for decorations icing, candy and a lot of fantasy. This year the house is inspired by the above mentioned historic facts, you can see that through the amazing as always photos by Simone Kalica. The inspiration coming from the story of the Grimm brothers and the gingerbread house that inspired us as little kids. Too bad the you can’t feel the delicious smell the house has, that leaves our home smelling like ginger for weeks.

 

Merry Christmas and Happy Holidays to all!


Ако сте се запрашале од каде западната традиција за бисквитна куќарка од ѓумбир, прво што ми паѓа на памет е да упатам благодарност до Браќата Грим и нивната канибалистичка вештерка. Од тогаш опишана во приказната за Ивица и Марица, до денес…таа е длабоко вкоренета во празничната традиција, изразена во западниот свет. Се среќава во декември насекаде, од дома, па се до Белата куќа.
Во 1812 година беше објавена бајката на браќата Грим, за Ивица и Марица во која се појавува куќата направена од бисквити и бомбони. Но, за нејзината појава освен на браќата Грим треба да им се заблагодариме уште на некои нации и историски периоди.

Има податоци дека уште во 16 век Германците правеле вакви слатки куќички, но објавувањето на приказната ја прави куќата популарна.
Ако си поиграте со Гугл, ќе допрете до податоци кои не враќаат уште неколку векови назад, конкретно во 11 век во периодот на Крстоносните војни. Во земјите на Источниот Медитеран се појавиле првите примероци на слатки куќички направени од тогаш непознатиот ѓумбир-зачин донесен од Азија.
Затоа Ве замолувам без критики на тема: Тоа не е наша традиција. Зошто, куќата направена од бисквити со ѓумбир е очигледно мала глобална приказна.

Очигледен е фактот дека Германците ја сместија во својата пекарска традиција, доведувајќи ја до мало уметничко дело, а Нирнберг е град во кој пекарите го чуваат рецептот како семејно богатство. Бисквитите биле правени од локалните монаси со локални состојки, а градот во 1643 година формирал здружение на пекари развивајќи строги упатства со кои го осигурале квалитетот на пекарскиот деликатес кој е баран и денес.

Традицијата за правење куќа од бисквити ја негуваме и во моето семејство, за што сме заедолжени јас и татко ми, секоја година правејќи различен пекарски дизајн (тука можете да ја погледнете нашата минатогодишна куќа). Составот е класичен: брашно, путер, мед, ѓумбир, цимет и мускатно оревче….а за декорација шлаг, бомбони и многу фантазија.
Оваа година инспирирана од овие историски факти и бајката која ја прави славна ќе забележите на фотографиите направени од вештото око на Симоне Калица, дека инспирацијата доаѓа од бајката на браќата Грим и куќичката од бисквити на која како деца сме и се восхитувале со поглед во старите наследени сликовници.
Штета што фотографиите не го евидентираат опојниот мирис кој го шири ова мало пекарско дело од кое со недели мириса целата куќа.

Среќни празници

You Might Also Like