Fashion

A dress like poetry

July 23, 2017

Have you ever wondered, what is the road of one dress. From the moment of creation to the moment of being worn and entering a new dream. I got the answer to this question from the person that creates dream dresses, fashion designer Lili Kadinska.

She has worked as a fashion designer for more than a decade. Before every new collection she feels like she is just at the beginning and creates by learning as if she never left the National Academy of Arts in Sofia, because the learning of fashion design lasts a lifetime. Her elegant dresses and skirts are signature pieces of her designs and for many are the only visible segment. But, Lili is not just an ordinary fashion designer. She is also an educator to the new fashion designing forces, she is an inspirer for changes in the value of the work of designers, she is a determined person that deeply connects with herself, her ideas, and then goes to match that with the materials and the customer needs.

She finds inspiration everywhere: from an exhibition she has visited, a movie she has watched, a building she has passed by. When someone works in a creative field he finds inspiration everywhere. Creativity is a process that never stops. At the beginning of her designer career Lili was known for her clear colors and shapes. Today she still experiments with the same frame of color and form with the difference that her favorite color todays is that of the rainbow. This statement is with a symbolic meaning for one fashion designer who approaches both life and design from the bright side.

Thank you Lili for the poetic dress that somehow fitted perfectly in the scenery of one old wedding venue in the Center of Culture in Bitola. Simone brought this timeless connection as perfect as always through her photos.


Дали некогаш сте се запрашале кој е патот на еден фустан од идејата да се создаде до мигот да се облече и влезе во еден нов сон. На ова прашање одговор добив од личноста која ги создава фустаните од соништата, модната дизајнерка Лили Кадинска.

Со моден дизајн таа се занимава подолго од една деценија. Пред секоја нова колекција се чувствува како да е на самиот почеток и создава учејќи како да не излегла од студентската клупа на Националната Академија за уметности во Софија, зошто учењето за модниот дизајн трае цел еден живот. Нејзините елегантни фустани и лелеави здолништа најистакнат дел се од нејзината работа и за многумина се единствен видлив сегмент. Но, Лили не е само обичен креатор. Таа е и едукататор на новите модни дизајнерски сили, таа е инспиратор за промени во вреднувањето на трудот на дизајнерите, таа е еден посветен лик кој длабоко се поврзува со себеси, своите идеи, па потоа трга кон ускладување со материјалите и потребите на клиентите.

Инспирации наоѓа на различни извори: изложба која ја посетила, филм кој го одгледала, градба пред која поминала. Кога некој се занимава со креативна работа инспирации се наоѓаат насекаде. Креативноста е процес кој не запира. На почетоците од нејзината дизајнерска кариера таа беше препознатлива по чистите бои и форми. Денес повторно експериментира во истите рамки на сведеноста во бои и форми со таа разлика што денес нејзината омилена боја е онаа на виножитото. Оваа констатација е со симболично значење за еден моден дизајнер кој и на животот и на креирањето пристапува од ведрата страна.

Благодарам Лили за поетичниот фустан кој некако елегично се вклопи во една поранешна сала за свадби во Центарот за култура во Битола. Симоне Калица тој вонвременски спој го пренесе и овој пат преку нејзините фотографии.

Photography: Simone Kalica

You Might Also Like