Europe, Travels

A day in Cambridge guide

November 5, 2017

Those who know me well, know that one of my biggest passions during high school years was history, this I owe to my dear professor Iljo Trajkovski. Apart from my compulsory subjects I take at university here in England, I always find time to explore historic themes that fascinate me, so I ended up going on a trip to Cambridge. For all the history lovers, that is the place where the search of English history begins. Some might say that, that is Oxford, but when you take a look at the list of Cambridge alumni, you will see that there are more than 80 Nobel Prize winner, as well as many famous thinkers such as Francis Bacon, Charles Darwin, Isaac Newton, so for me definitely this is the source.

But, in todays post I will not tell you about my love of history, but I will take you around this little historic British town which is home of the University, and there are many places worth visiting on a one day trip. Cambridge is just an hour train ride from London. I took a Cross Country Railways train to enjoy the views, while drinking tea.The weather was gloomy which was perfect for me to have grey background on the photos of the historic buildings. So, here are my top things and places to see while in Cambridge.


Оние кои добро ме познаваат знаат дека една од моите најголеми љубови од гимназиските клупи е онаа кон историјата, која му ја должам на мојот драг професор Иљо Трајковски. Покрај моите редовни предмети кои ги студирам тука во Британија редовно наоѓам време да истражувам историски теми кои ме фасцинираат, па така патот ме донесе во една од најважните образовно истражувачки меки на островот, а тоа е Кембриџ Универзитетот. За љубопитните историски бафови, тоа е местото од каде се почнува секоја претрага на британската историја. Некои ќе сугерираат дека тоа е на Оксфорд, но гледајќи го алумни роастерот на Кембриџ со повеќе од 80 добитници на Нобелова награда и со редица исклучителни мислители на сите времиња кои поминале низ неговите историски холови како Франсис Бекон, Чарлс Дарвин и Исак Њутн, дефинитивно и за мене, ова е изворот.

Но, со мојот блог денес јас нема да Ве бомбардирам со мојата жед за историја, туку ќе ве прошетам низ овој мал историски британски град кој е дом на овој Универзитет и има навистина убави нешта да се видат во еднодневен излет. Кембриџ е на само еден час дистанца од Лондон. Избрав воз за патување Cross Country Railways за да ужувам во глетките на британскиот предел далеку од автопатите со шолја чаj. Денот беше облачен и за мене совршен за да имам сиви позадини на фотиграфиите од древните историски градби. Во продолжение ќе ви наведам кој места да ги посетите, и што треба да се види во Кембриџ.

 

Cambridge University, all across town. There are many collages around Cambridge, most of them are available for public access. We visited King’s College and the chapel of King’s college as well as Trinity College. Both very beautiful and worth seeing.


Универзитетот Кембриџ, распореден низ целиот град. Поголемиот дел од зградите се отворени за јавноста. Јас ги посетив Кингс колеџот и црквата на Кингс колеџ, како и Тринити колеџ.

Punting on the river Cam. If the weather is nice definitely go for punting, whether by yourself or on a guided tour.


Веслајте на реката Кам. Ако времето е убаво тогаш одете на веслање (punting), дали само ќе веслате или ќе одите на тура со водич останува на вас.

Browse the stalls on market square. Dozen of stalls filled with fruits, vegetables, food, crafts, souvenirs and what not.


Разгледајте ги тезгите на плоштадот. Безброј на тезги преполни со овошје, зеленчук, храна, сувенире и што уште не.

 

Walk the picturesque streets of Cambridge. The streets of Cambridge are simply breath taking, old brick town houses with ivy’s on the walls. You will definitely be stopping every 2 minutes to take a photo.


Шетајте се низ фотогеничните улички на Кембриџ. Уличките на Кембриџ мене лично ме фасцинираа, стари градски куќи од тули на чии ѕидови има бршлени. Дефинитивно ќе застанувате на секои 2 минути да фотографирате.

All in all Cambridge is one small fascinating town. With what has given the world through the world of science, literature and culture it is truly inspiring to be here. Generations of scientists, philosophers, writers…have been here and left a trace that is still celebrated in the world.


Се на се, Кембриџ е мал историски фасцинантен град. Со она што му го подарил на светот преку науката, книжевноста и културата навистина е неверојатно инспиративно да се биде тука. Генерации на научници, филозофи, писатели…поминале тука и оставиле трага низ времето која ја слави светот.

You Might Also Like

No Comments

Leave a Reply